Шерон Стоун и нејзиното семејство „живее во страв“ од маж кој опсесивно ја демне актерката и постојано се обидува да стапи во контакт со неа во последните две години.
„Немилосрдниот“ Шандор Борош, поранешен ветеран на специјалните сили на унгарската армија кој живее во Лондон, тврди дека со „неговиот ангел“ Шерон Стоун имал таен син Џејсон во 1986 година, кога таа имала само 28 години. Сепак, тој тврди дека нивниот син бил убиен набргу по раѓањето, пишува Дејли мејл.
Ѕвездата од филмот „Ниски страсти“ (64) беше еден од најпопуларните секс симболи во 90-тите години, а нејзиното семејство е во паника откако Борош почна да ги демне.
Последен пат и испратил мејл на 15 октомври, во кој напишал дека се обидува да ја дознае нејзината адреса така што ќе ги најде членовите на нејзиното семејство и ќе ги праша за неа. Темата на е-поштата била „ангел“, а е потпишана како „Твојот Шандор, xoxox“.
Според приватниот истражител на семејството, Пол Бареси, мажот што ја демне е „опседнат и ментално болен“ и бил снимен на камера пред домот на нејзината 62-годишна сестра Кели во мај оваа година.
Поминаа само три месеци откако трагедијата веќе го погоди семејството на познатата актерка, кога помладиот брат на Шерон, Патрик, почина од срцев удар во февруари на 57-годишна возраст.
И ова не е првиот човек кој ја демне холивудска актерка. Пред осум години, на еден маж му беше изречена мерка притвор од пет години, откако и испратил бизарни писма.
Бареси откри дека семејството Стоун сега „живее во страв“ поради страшни мејлови, писма и непоканети посети од споменатиот демнач. За само 72 часа откако семејството го вработило Бареси, тој го следел човекот до аеродромот во Лондон, каде што требало да се качи на лет за Унгарија.
„Беше неуморен. Ја демне последните две години. Во последно време се појавува прво кај нејзината мајка, потоа кај нејзиниот брат, па кај нејзината сестра. Тоа беше нешто планирано, тој имаше мисија. Ова ја зголеми загриженоста на Шерон Стоун и нејзината мајка, која има 90 години, како и нејзината сестра и брат. Сите беа мети. Неговата агресија и страсна желба за неа уште повеќе се засили“, откри тој.
Борош во август оваа година испрати писмо до Шерон, нејзината мајка и сестра. Во него, тој призна дека летал во Лос Анџелес една недела во мај, надевајќи се дека ќе разговара со Стоун. Тој рече дека возел со такси од аеродромот до домот на сестрата на Шерон, Кели.
„За жал, на видео камерата на вратата, чуварот не знаеше кој сум. Тој не сакаше да ја викне Кели да дојде да разговара со мене. Можеби мислеше дека сум некој криминалец!!! Немав избор Потоа отидов кај брат и Мајкл. Тој ја отвори вратата и јас се обидов да му ја објаснам мојата ситуација и го прашав за адресата на Шерон во Лос Анџелес за да можам да разговарам со неа.Тој беше груб… Кога јас го прашав каде е Шерон, сакал да повика полиција!!И мислел дека сум криминалец“, напишал мажот и додал дека „Шерон му била свршеница, а во 1986 година добиле момче. Неговото име беше Џејсон Стоун. Имаше неколку месеци кога за жал почина во несреќа.“ „Би сакал да разговарам со Шерон за ова“, додаде тој.
Во пораката од 15 октомври, Борош и рекол дека неговото „ментално здравје е подобрено, иако не може да каже дека се вратил во нормала“.
„Значи, се враќа на работа…“, додаде тој и откри дека ја нема ниту смртта на нивниот наводен син.
Холивудскиот приватен детектив го пронашол телефонскиот број на Борош и му се јавил додека бил на лондонскиот аеродром и се подготвувал да лета за Унгарија. За време на разговорот, Бареси прашал дали има фотографии од Шерон или нејзините писма. Борош рече дека нема, но беше категоричен дека „не лаже“.
„Таа беше моја свршеница, таа беше моја свршеница. Не лажам“, му рекол тој и додал: „Се обидувам да контактирам со нив бидејќи навистина сум очаен да го најдам мојот син. И треба да разговарам со Шерон. Имавме син. Тој беше убиен во 86 година. И не, се шегувам, значи навистина сум сериозен. Немам потврда за смртта, ништо, така што тоа е чуден случај, но јас сум прилично сигурен тие знаат сè, знаат сè што не сакаат да ми кажат“.
„Неговото однесување не беше заканувачко. Тој не покажуваше никаква похотлива, романтична желба да продолжи“, рече Бареси, додавајќи дека демначот не планирал повторно да дојде во Америка, туку само сакал информации за неговиот син.