Актерката Шенон Доерти се подготвува да замине, рече таа на нејзиниот поткаст „Let’s Be Clear“.
Ѕвездата од Беверли Хилс со години се бореше со рак на дојка, а сега откри дека се ослободува од своите работи за да и олесни на нејзината мајка Роуз. „Мој приоритет во моментов е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко ако умрам пред неа. Поради тоа, сакам да и ги олеснам работите. Не сакам таа да има еден куп работи со кои треба да се занимавате после тоа. Не сакам да имам четири складишни единици полни со мебел“, објасни Доерти.
Затоа веќе почнала да ги собира сите свои работи со план да ги донира или продаде. Таа неодамна се упати на југ во нејзиниот дом во Тенеси за да се спакува, откако реши да се откаже од својот сон да живее на имотот и да чува коњи.
„Како да се откажувам од сонот“
„Бевме во Тенеси да се спакувам. Беше многу тешко и многу емотивно затоа што се чувствував како да се откажувам од мојот сон да го изградам тој имот, да изградам куќа за мене и куќа за мајка ми и потоа да го проширам со штала во која би чувала коњи“, објасни таа. “Се спакував и почнав да плачам… Се чувствував како да се откажувам од сонот. Што значеше тоа за мене? Дали значеше дека се откажувам од животот? Мајка ми ми кажуваше дека не треба да го правам тоа, а јас реков – морам“, низ солзи рекла таа.