Можеби „најголемиот“ диџеј на светот, (или поточно највисокиот – со своите 216 см), Шекил О’Нил доаѓа на хрватскиот остров Крк.
Поранешниот американски кошаркар и ѕвезда на НБА-клубовите Орландо, Л.А. лејкерс и Мајами хит – популарниот диџеј Дизел на 14 јули гостува во новиот клуб „Дијамант“.
Можеби многумина не знаат дека Шек има издадено и неколку рап-албуми паралелно со неговата спортска и филмска кариера, а првиот, насловен „Шек Дизел“, објавен 2003 година, е продаден во над милион примероци и го достигна 25-то место на „Билборд топ-листата“.
Билетите за настапот на диџеј Дизел следниов месец, се достапни и на интернет.