Шведскиот лекар и државен епидемиолог Андерс Тегнел можеби сепак беше во право. Како одминува времето и како расте бројот на заразени и активни случаи во многу европски земји, се чини дека има смисла неговиот контроверзен и често критикуван пристап – што „Фајненшл тајмс“ го нарекува „рационален“ во големото интервју со Тегнел.
Потсетуваме, училиштата, рестораните и спортските сали работеа во Шведска и немаше класичен карантин. Иако многу од неговите колеги тврдеа дека Шведска ќе ја плати цената, Тегнел сепак ужива голема поддршка во јавноста, не сметајќи ја популистичката партија на шведските демократи, која побара негова оставка.
Архитектот на т.н. „Шведски модел“ Андер Тегнел вели дека Шведска ќе има „ниско ниво на ширење на заразата“ со повремени локални жаришта.
„Шведска ќе има некои локални жаришта и ниско ниво на пренос на вирусот. Во други земји ќе биде многу посериозно. Тие се многу подложни на скокови, бидејќи немаат развиен имунитет“, смета тој.
Токму поради таканаречениот „имунитет на стадото“, Тегнел беше најжестоко нападнат – тој беше споредуван со Хитлер и Сталин, тој исто така доби закани по својот живот – иако тврди дека неговата цел никогаш не била да дозволи инфицирање на голем број луѓе. Но, тој се согласува дека имунитетот е главно одговорен за падот на бројот на случаи во Шведска.
„Ставањето на целата земја во карантин е како да се обидуваш да убиеш мува со чекан“, рече тој за ФТ, објаснувајќи дека шведскиот пристап има јасна стратегија.
„Тоа драстично затворање и отворање не е изводливо. Не можете да отворате и затворате училишта. Тоа е катастрофа. Истото важи и за рестораните. „Луѓето се заморуваат и економијата страда.
Шведска е една од ретките земји во светот каде носењето маски на јавно место не е задолжително, ниту се препорачува.
„Маските се едноставно решение, а јас не верувам во едноставни решенија за комплицирани проблеми“, вели тој.
Сепак, тоа не значи дека животот е нормален: Швеѓаните исто така престанаа да патуваат, а хотелите и рестораните имаат помалку гости, така што економскиот пад е значителен.
Во јуни, тој го опиша пристапот на повеќето европски земји и САД со зборовите „како светот да полуде“.
А што мисли тој за вакцината?
„Нема да биде сребрен куршум“, предупредува тој. „Немојте да мислите дека кога вакцината ќе биде достапна, ќе можеме да се вратиме на старите животи. Нема да биде така лесно“.