Во нејзината кола биле пронајдени дроги во вкупна вредност од два милиони евра при рутинска контрола на германската граница во близина на градот Елтен во јуни годинава. Таа имала 50 килограми таблети екстази, два килограми метамфетамин и 11.950 евра во кеш.
Гафур ќе се жали на пресудата, бидејќи тврди дека е невина. За време на судењето таа одбила да каже од каде ја добила дрогата и каде ја превезувала, бидејќи се плашела за безбедноста на нејзиното семејство и блиските пријатели.
Атлетичарката која има 27 години се натпреваруваше за Холандија на Олимписките игри во Рио во 2016 година во штафетата четири пати по 400 метри.