Шведската престолонаследничка Викторија моментално е во официјална посета на САД, а на еден од бројните ангажмани се појави во елегантен смарагдно-зелен костим, кој пристигна директно од полиците на шпанска „Зара“.
Таа во оваа прилика костимот го стилизираше со бела кошула и класични црни потпетици.