ШВЕДСКАТА манекенка Елса Хоск се маскирала во принцезата Дијана за Ноќта на вештерките. Таа го рекреираше својот аутфит што принцезата Дијана го носеше во 1994 година кога го прекрши кралскиот протокол и на вечерата се појави во провокативен црн коктел фустан со раменици. Имено, Дијана го облече овој фустан откако принцот Чарлс јавно го призна своето неверство на телевизија.
„Ова не само што е непочитување, туку и бесрамно! Како некој да е среќен да види некој од своето семејство, трагично починат, облечен како костим за консумеристички празник и „журка“, „Ризикува да го банализира нејзиното наследство и предизвиците со кои се соочила“, Костимите треба да бидат забавни, а не да потсетуваат на нечиј трагичен живот“, „Без почит“, „Убава, но неетички за Дајана“, „Грозно е да се игра принцезата Дијана за Ноќта на вештерките“, „Те сакам Елса, но не верувам дека тоа е соодветно“, напишаа корисниците на социјалната мрежа во коментарите.
Сепак, Елса на Инстаграм ја доби поддршката од колегите од модниот свет, како и од бројни фанови кои истакнаа дека тоа е најдобрата маска за Ноќта на вештерките што ја виделе некогаш.