Швајцарската сноубордерка Софи Хедигер загина во лавина, соопшти Швајцарската скијачка асоцијација.
Според АП, инцидентот се случил во понеделникот во швајцарското одморалиште Ароса.
Во понеделникот, полицијата во кантонот Граубинден објави дека сноубордерка загинала во лавина додека била надвор од патеката со друго лице. Но, таа не го откри идентитетот на жртвата.
Младата жена и нејзиниот придружник тргнале по затворена патека и додека си заминувале Софи Хедигер била зафатена во лавина. Службите за итни случаи биле веднаш известени, но Хедигер била лоцирана дури два часа подоцна.
Хедигер (26) се натпреваруваше за Швајцарија на Олимпијадата во Пекинг во 2022 година во сноуборд крос и во мешана екипна верзија на таа дисциплина.