Холандската шахистка Ана Марија Казаријан е казнета со 100 евра на Светското првенство во брз шах бидејќи носела патики.
Светското првенство во брз шах се одржа во Узбекистан, во блиц и рапид категории, каде што во двете конкуренции во отворениот дел триумфираше Магнус Карлсен, а во женската категорија триумфираа Анастасија Боднарук и Валентина Гуњина.
Што се однесува до Ана Марија Казаријан, таа беше жртва на нејасниот систем на ФИДЕ.
Имено, шахистите не смеат да носат патики, шорцеви, влечки, а се препорачува да носат костуми. Од друга страна дамите не смеат да носат кратки здолништа.
Ана Марија била на удар од ФИДЕ и добила казна од 100 евра, бидејќи носела патики „Барбери“.
“Еден од судиите ме застана и ме праша дали можам да си ги сменам чевлите, бидејќи му биле „чудни патики“ и не ги сметаше за соодветни. Навистина ме боли да одам во потпетици и апсолутно не сакам да ги носам, изјави Казаријан.
Целосно нејасна ситуација и неразумната одлука на челниците да казнат дваесет и тригодишна шахистка.
Инаку, Светското првенство во блиц шах заврши, а епилогот е ист како и два дена претходно во рапид конкуренцијата. Магнус Карлсен успеа да ја освои титулата и да стигне до својот 17. трофеј за светски првак. Покрај петте освоени титули во „нормален“ шах, Магнус на своите витрини го додаде и петтиот пехар во рапид, односно седми во блиц шах, со оглед на тоа што во Самарканд, градот во Узбекистан каде се одржуваше првенството во овие две категории, успеа да освои „двојна круна“.
Две години подоцна, Симпсон беше прогласен за одговорен за двете убиства пред граѓанскиот суд, но избегна затвор и плати значителен паричен надоместок на семејствата на жртвите.