Сите љубители на легендарната серија „Сексот и градот“ едвај го дочекаа излегувањето на новото продолжение And Just Like That, речиси 25 години по снимањето на првата епизода.
По поделените мислења за првата сезона, моментално се снима втората, а и самата авторка на серијата (која главниот лик Кери Бредшо го базираше на себе) искрено кажа дека повеќе не може да се идентификува со неа.
Некои ја критикуваа полошата мода од очекуваното, други коментираа дека ликовите „станале поглупави“. Исто така, изгледот на главните актерки наиде на многу критики, но сосема неоправдани бидејќи – жените природно стареат. Но, посебен негативен третман доби Кристин Дејвис, која го толкува ликот на Шарлот Јорк, бидејќи била подложена на третмани и побарала помош од естетската хирургија.
“Шарлот има ново лице“, „Шарлот што му направи на лицето“, „Целосно го разбирам притисокот врз жените да изгледаат на одреден начин и веројатно и самата ќе направам пластична операција, но Кристин изгледа како Џокерот од Бетмен“, „Секогаш кога ќе го покажете лицето на Кристин Дејвис, се прашувам колку платила за таква ужасна пластична операција. Порано беше природна убавица“, се само дел од многуте коментари со кои Кристин мораше да се соочи.
Сега папараците повторно ја фотографираа на снимањето на новите епизоди од втората сезона на серијата, а коментарите и понатаму се исти.
Денес оваа 58-годишна актерка попушти под притисокот, иако неколку пати низ годините кажа дека не планира да оди под нож бидејќи се плаши од процедурата, но и од конечните резултати.
“Секој мисли дека може да коментира што сака и да пишува како им се допаѓа или не им се допаѓа нашата коса, нашите лица, што било… Стана толку интензивно што ме стаписа! Лута сум, а не сакам да бидам, па престанав да ги читам коментарите, изјави Кристин Дејвис за критиките кои ги добила по премиерата, додавајќи:
“Секоја недела пишуваа за моето тело во облик на круша, но тоа дефинитивно не беше комплимент. Проблемот со социјалните мрежи е што не знаете ништо за луѓето од другата страна. Тие се таму само за да фрлаат „бомби“ што ќе ве повредат. И тоа ме лути, искрена е актерката.