Шарлиз Терон во последно време е во центарот на вниманието повеќе од вообичаено. Ова се должи на нејзините контроверзни модни изданија, но и на изјавите во кои не се плаши да открие бројни пикантни детали од нејзиниот приватен живот.
Неодамна призна дека никогаш повеќе не би можела да живее со маж, а една од најубавите актерки на денешницата остави многумина зачудени.
Сега отиде чекор понатаму, и во подкастот на Карим Рахма зборуваше за некои интимни детали и откри што веднаш ја одвраќа кај мажот.
„Кога маж ми вели дека сака да води љубов со мене… Не ми го кажувај тоа, тоа ми ја затвора вагината. Сите жени знаат за што зборувам. Не сакам да создадеш ништо со мене, сакам да направиш нешто со мене. Толку е жално кога ми велиш ‘ајде да водиме љубов’. Не го сакам тоа“, рече Шарлиз, шокирајќи ги сите.
Ова ја потсети и на нејзината претходна изјава во која призна дека била со маж кој имал 26 години и дека тоа било неверојатно искуство за неа.

„Ве молам, не ‘водете’ ништо, особено не љубов“, рече Шарлиз како заклучок.
Нејзината изјава предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, при што некои жени се согласија со неа, но имаше и такви кои не разбираа зошто го кажува тоа.
