Една од најубавите холивудски актерки Шарлиз Терон (43) е во потрага по емотивен партнер, но како што вели, нема заинтересирани.
Таа зборуваше за својот приватен живот во емисијата “Entertainment Tonight“ и истакнала дека тешко и е да најде маж.
“ Веќе 10 години сум ‘сингл’. Не знам ни каков маж ми одговара, но знам дека ми треба. Многумина и ги плашам. Но, убедена сум ќе се појави некој“ изјавила Шерон.
Инаку, убавата актерка е мајка на две деца, Џексон (7) и Август (3).
“ Ги обожавам моите деца. Никој не може да ме насмее како тие што можат. Добро што во мојата улица живее мојата мајка па понекогаш е подготвена да “прискокне“ кога е потребно“.