“Шани е убиена садистички“: Претседателот на Израел откри потресни детали од смртта на младата германска уметница која ја киднапираше Хамас

by Тони Зографски

Вооружени припадници на Хамас наводно и ја пресекле главата на Шани Лук (22) откако ја киднапирале од музичкиот фестивал.

Младата тату-уметница, потсетуваме, беше киднапирана на 7-ми октомври од фестивалот Нова во близина на реми. Повеќе од три недели семејството Лук молеше девојката со германско-израелско потекло да биде спасена од терористите.

Израелскиот претседател Исак Херцог, денеска откри дека девојката била убиена и потоа и била пресечена главата. Потресните детали биле откриени само неколку часа откако се покажало дека израелските службеници пронашле делови од нејзиното тело.

 

„Навистина ми е жал што морам да известам дека добивме вест дека е потврдено дека Шани Никол Лук е убиена. Пронајдена е нејзината глава. Тоа значи дека и ја пресекле главата додека убивале и напаѓале Израелци. Тоа е голема трагедија и изразувам најдлабоко сочувство до нејзиното семејство“, рекол Херцог за германски „Bild“.

Семејството Лук беспомошно чекало вести дека нивната ќерка го преживеала нападот на Хамас и дека терористите би можеле да ја ослободат. Мајката и сестрата порано денеска, меѓутоа, со скршено срце ја објавиле веста од која се плашеле.

„Вчера добив вест дека мојата ќерка повеќе не е жива“, рекла мајката Рикарда за „RTL“

Сестра на Шани, Ади, се огласила на Инстаграм и напишала дека уметницата е мртва.

Еден роднина за „Jerusalem Post“ изјавил дека Израелските одбранбени сили пронашле коска од череп, а ДНК анализата се поклопила со таа на Шани.

Се верува дека милитантите во нападот го фатиле и нејзиното момче, мексиканскиот државјанин Орион Ернандес Родоукс.

Семејството ја осудило германската влада бидејќи ги игнорирала нејзините молби за помош откако им било кажано дека таа е жива во Газа.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com