УФЦ шампионот Кабиб Нурмагомедов доби понуда да гостува во Македонија и тоа од не било кој – од македонското златно момче од 1984 година, Шабан Трстена.
Тој добил поклон капа со потпис, токму од Нурмагомедов од неговиот роден Дагестан, а капата била испратени преку пријател на Шабан Трстена.
Иако веќе одамна е во пензија, Трстена на секаков можен начин се обидува да се одржува во форма а често вози велосипед и пешачи рекреативно.