Шакира била снимена во текот на излегувањето со британскиот актер Лусиен Лависконт во Њујорк, откако одржа изненаден и бесплатен концерт на Тајмс Сквер.
Парот излегол на вечера во италијанскиот ресторан „Carbone“, а колумбиската пејачка за оваа прилика избрала целосно црно издание. Таа искомбинирала корсет на врзување со кожни детали со сатенски карго панталони и потпетици на платформа.
Пред ова излегување, пејачката се појави на Тајмс Сквер каде настапи пред 40.000 луѓе, а нејзината сет листа вклучуваше хитови како „Hips Don’t Lie“ и „Te Felicito/TQG“
Излегувањето на вечера доаѓа откако Лусиен, ѕвезда на серијата „Emily in Paris“, се појави во спотот на Шакира за песната „Punteria“.
Колумбиската пејачка претходно направи хаос на мрежите споделувајќи фотографии со Лависконт, а парот позираше во многу интимно издание.