Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции, ова ексклузивно за ТВ21 го потврди министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
„Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата. Ќе излеземе во наредниот период и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно поради коронавирусот“, изјави Чулев и додаде:
„Ќе обелодениме сериозни злоупотреби од лица носители на јавни функции“.