Синоќа за време на полицискиот час, во Скопје се снимаше видео, по повод Денот на полицијата, во кое статисти беа полицајци.
Поради тоа жестоки критики кон техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, упати дополнителната заменичка во овој ресор, Славјанка Петровска.
,,Во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлечеш 80 полициски возила и најмалку 100 полицајци за да снимаш спот е неодговорно и несовесно раководење!!! Зарем полициските службеници кои веќе 2 месеца деноноќно се на терен треба да бидат искористени како статисти за снимање спот? Ова ли е начин да се штитат правата на вработените? Вака не треба, ова е погрешно!“-реагира Петровска.
Чулев одговори со напад дека некому не му е важна работата на полицијата.
,,Ја информирам јавноста дека вечерва во близина на спортскиот центар Борис Трајковски се снимаше кратко видео по повод Денот на полицијата, а со кое Министерството за внатрешни работи ќе се заблагодари за придонесот на полициските службеници, здравствените работници, припадниците на армијата и сите други во справување со коронавирусот.
Не станува збор за никаква злоупотреба на полициските сили, туку за еден мал гест со кој ќе се заблагодариме за нивната секојдневна жртва, ќе се валоризира нивната посветеност во заштита на здравјето на граѓаните, a истовремено ќе се подигне нивниот морал. Воедно, потенцирам дека со денешните активности во ниту еден момент не се нарушени тековните активности на Министерството за внатрешни работи.
Доколку, некои од моите колеги во Министерството за внатрешни работи ја спори важната улога на полициските службеници во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните го повикувам јавно да го каже тоа.
За мене тие се хероите, така ќе биде и во иднина и тие ги заслужуваат сите наши пофалби и признанија“-напиша Чулев.
Во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлечеш 80тина полициски возила и најмалку 100тина полицајци за да снимаш спот е неодговорно и несовесно раководење!!!Зарем полициските службеници кои веќе 2 месеци деноноќно се на терен треба да бидат искористени како статисти за снимање спот? Ова ли е начин да се штитат правата на вработените? Вака не треба, ова е погрешно!
Posted by Slavjanka Petrovska on Monday, May 4, 2020