Фудбалерот на Ајакс, Абделхак Нури се рабуди од која во која беше од јули 2017 година.
Денеска, неговиот брат на јавноста и соопшти дека Абделхак Нури повеќе не е во кома, дека се опоравува о дека сега може да комуницира со мрдање на устата.
Апи е добро, не е веќе во кома. Тој спие, јаде, по малку и негодува…само со помош на веѓите. Засега таква е нашата комуникација, ги подигнува и ги спушта веѓите. Но и ова е добро за него ако се знае како беше претходно“ истакна братот на Абделхак.
Младиот фудбалер на холандскиот тим во јули 2017 година за време на пријателски натпревар против Вердер доживеа срцев удар, а во исто време претрпе и оштетување на мозокот.
Клубот од друга страна призна дека за време на натпреварот против Вердер немало адекватна лекарска помош и ја прифати одговорноста за последиците.