Овој човек живее во близина на неславниот Чернобил и не планира да замине. Домот на Иван Шамјанок (90) е веднаш надвор од забранетата зона. Кога властите ги принудија да избегаат од радиоактивниот облак пред 30 години, тој и неговата сопруга одбиле.
Шамјанок тврди дека ниту тој ниту неговата сопруга никогаш не ги почувствувале ефектите на зрачењето. „Засега сè е во ред. Вчера дојдоа лекарите, ме ставија во кревет и ме проверија и мереа. „Тие рекоа: Се‘ е во ред со тебе, дедо“, рече Шамјанок.
„Сестра ми живееше тука со нејзиниот сопруг. Тие одлучија да заминат и наскоро беа под земја… Починаа од депресија. Не сум депресивен. Пеам малку, работам малку во градината, живеам полека“.
Шамјанок вели дека неговиот живот не се променил многу по катастрофата. Тој и неговото семејство продолжиле да јадат зеленчук и овошје што самите ги одгледувале и сè уште чуваат крави, свињи и кокошки за месо, млеко и јајца.
Сега, откако неговата сопруга почина и децата се отселија, тој остана сам со неговиот братучед, кој живее во другиот крај на селото. „Ќе се вратат ли луѓето? Не, нема. Оние што го сакаа тоа, веќе се мртви“.
Официјалниот број на луѓе кои починале брзо од влијанието на зрачењето е 31, сепак повеќе починале од болести предизвикани од зрачење, како што е рак. Вкупниот број на смртни случаи од долгорочни последици сè уште е причина за интензивна дебата.