Градоначалникот на романското градче Девеселу, Јон Алиман на 17 септември почина од коронавирус, а викендов победи на локалните избори.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, бидејќи починал пред две недели, неговото име останало на гласачките ливчиња. Повеќето гласачи го дали својот глас за починатиот градоначалник кој направил доста добри работи за градот. Јон добил 1.020 гласа од можните 1.600.
Неговата партија ПСД најави дека заменикот на градоначалник ќе ја извршува оваа функција додека не се организираат повторни избори.
Инаку, Јон Алиман стана прв политичар кој по смртта победил на изборите.