Следното видео е снимено на северот на Колумбија, а прикажува возач на камион, кој чудно се однесува, до таа мера што многумина веруваат дека бил „опседнат“.
Возилото е паркирано во темница, а се гледа како човек му приоѓа на возачот и се обидува да му помогне. Му става нешто во уста, што потсетува на бројаница.
Миг подоцна, возачот на камионот почнува да испушта страшни звуци и да се тресе, а еден од сведоците вика: „Вештерка, вештерка“.
Мажот потоа се освестил, но изгледал дезориентиран. Тој останал зад воланот, а на лице место се појавил полицаец, јавува Kalle Blu Radio.
Полицаецот се обидел да воспостави контакт, но возачот „скокнал“ како да сака да го нападне.
Потоа се слуша личноста од почетокот на видеото како вели: „Тато, опушти се, смири се. Тука сме, веќе го бараат“.
Целата ситуација остава отворени прашања, па едни бараат рационално објаснување, а други спомнуваат натприродни работи, како да е „опседнат“.
Локалните власти го истражуваат инцидентот за да ја расветлат енигмата.
En la noche de ayer, 01 de septiembre, se presentó un extraño caso, de un joven conductor de una tractomula, que al parecer, estaba poseído por algún espíritu, o una brujería.
El hecho ocurrió en las vía de la mal llamada, RUTAS DEL SOL en el sector de la Aurora Cesar pic.twitter.com/zbnvpgAKfV— Denuncias Antioquia (@DenunciasAntio2) September 2, 2023