Неверојатна случка се случила во Кикинда кога лекарот ја прегледал старицата И.К. (89) и констатирал смрт. Но, бабата во во тој момент ги отворила очите и замолила една од присутните роднини да и ги извади обетките.
-Бабата ги отвори очите и се потврде дека е жива. Замислите каков шок беше тоа. Повторно повикавме Итна помош која бабата ја однесе на Неврологија. Таа е во кома и е во тешка здравствена состојба – вели еден од сведоците на настанот.
Од здравствениот дом во Кикинда нема сеуште официјално соопштение, но нешто слично се случило лани, во мај. Тогаш 70-годишната Радојка С. вечерта била прогласена за мртва, а утредента докторот констатирал дека сеуште е жива и по казна бил префрлен на друго работно место.