Ракометарите на Вардар докажаа дека се спортски супермени. Успееја да ја надоместат разликата од првото полувреме против големата Барселона и да стигнат до 29-27 за утрешното финале против Веспрем.
Црвено-црните одигра второ полувреме за паметење.Со голот на Карачиќ на 100 секунди до крајот Вардар поведе првпат со 27:26, а по грешката на противникот Криштопанс донесе позитива од два гола за македонскиот шампион. Со голот на Стоилов беа поставени конечните 29:27 и започна славјето за пласманот во големото финале.
Јунаци на мечот беа, на голот фантастичниот Милосављев, а во нападот ракометнио џин Криштопанс кој постигна 10 голови.
.