Осумнаесетмесечни близнаци се спасени од под урнатините на зграда, 40 часа по разорниот земјотрес во Газиантеп.
Спасувачките екипи на терен работат на спасување на луѓето кои останале под урнатините на една петкатна зграда во Газиантеп, Турција.
Четириесет часа по земјотресот, близнаците Амине и Ахмет Елчин беа извлечени од под урнатините.
Спасувачите извикувале „чудото доаѓа“ и бебињата, кои во солзи ги извадиле од бетонскиот крш, им ги предале на медицинските екипи.
Извлекувањето го снимија екипите на теренот.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер ги погоди во понеделникот наутро југот на Турција и соседна Сирија.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот Пазарџик во Кахраманмараш.
Според последните информации, во разорниот земјотрес во Турција настрадале 5.434 лица, а во Сирија најмалку 1.832 лица.
Blizanci stari 18 mjeseci spašeni su ispod ruševina zgrade, 40 sati nakon razornog zemljotresa u #Gaziantep#Turkiye #zemljotres pic.twitter.com/7heRByL4Jr
— ANADOLU AGENCY (BHSC) (@aa_balkans) February 7, 2023