Пролетниот замор не ги заобиколува ниту младите, ниту зрелите луѓе, а решение можете да најдете во руската алтернативна медицина.
Замор, исцрпеност, нерасположение или пролетна депресија се состојби во кои барем еднаш сме западнале или ќе се најдеме само со промената на годишните времиња. Наместо да се свртите кон лекови и индустриски суплементи кои можат да предизвикаат голем број несакани ефекти, најпрво пожелно е да пробате со природата и препарати кои нема да имаат негативни последици. Еден таков пијалок нуди популарниот руски лекар Евгениј Тарасов, специјалист по психологија и психијатрија.
Имено, на сите оние кои страдаат од хроничен замор, овој врвен руски експерт им препорачува да се напијат еден лековит тибетски чај наречен „Зора во планината“. Цикоријата во напитокот е одличен стимуланс, кој ја подигнува нашата физичка и ментална енергија. Ја стимулира и зајакнува одбраната на нашето тело. Го елиминира хроничниот замор, а одличен е и за превенција од разни други болести.
„Лековитите својства на цикоријата им биле познати и на старите Грци и Египќани, а се користела за лекување на жолтица, заболувања на црниот дроб, гихт и ревматизам…“
Цикоријата ја подобрува нашата емоционална состојба и ги отстранува стравовите и анксиозноста. Го подобрува варењето и производството на крв во телото, што придонесува за чистење на телото од токсини, што може да има последици за нашата психичка состојба.
Лековитите својства на цикоријата им биле познати и на старите Грци и Египќани, а се користела за лекување на жолтица, заболувања на црниот дроб, гихт и ревматизам. Може да се конзумира на различни начини, но најпознат е како напиток, поточно како замена за кафето. Уште во 19 век Французите почнале да ја одгледуваат и да ја пијат како додаток на кафето или самостојно.
Цикоријата содржи инулин, пектин, аскорбинска киселина, протеини, јаглехидрати, горчливи материи и витамини А и Ц. Од минералите содржи магнезиум, калиум, железо и манган. Горчливите материи лактупикрин и лактуцин имаат аналгетско и седативно дејство. Благодарение на наведениот нутритивен состав, особено горчливите материи, инулинот и калиумот, цикоријата е многу лековита и помага при многу болести.
Познато е дека кафето како пијалок со кофеин го зголемува стресот и секрецијата на кортизол. Цикоријата како нејзина здрава замена, благодарение на ликтицинот има седативно дејство, што значи дека го смирува телото и умот. Со негова конзумација ќе го намалите стресот, анксиозноста, немирот и несоницата.
Подготовка на „Зора во планина“
Земете обична чаша која собира околу 200 милилитри вода. Во чаша ставете 3 лажици корен од цикорија во прав и една лажица какао во прав.
Прелијте со врела вода. Додадете малку засладувач по вкус.
Овој чај пијте го наутро и за време на ручек, а никогаш навечер пред спиење за да не го расипете сонот. Бремените жени можат да пијат мали дози. Ќе се чувствувате одморени и освежени како човек кој ја гледа зората во планините…