Десетици луѓе се собраа на новите гробишта во Белград за да го испратат во вечното почивалиште трагично загинатото девојче С.Н., кое го загуби животот во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Неколку десетици луѓе се собраа пред капелата, чекајќи да започне погребот. Пријатели, семејството, познаници, со цвеќиња во рацете се збогуваа со девојката чиј живот штотуку требаше да започне, но заврши со невидена трагедија, пренесуваат медиумите во соседството.
Другарка на девојката жртва, прочита неколку реченици во нејзина чест.
„Сè околу тебе те правеше посебна. Прерано си замина. Ќе живееш додека живеам и јас. Ти ветувам дека повторно ќе се видиме. Дотогаш чувај ме одозгора“, низ солзи порача девојчето.
За време на викендот беа погребани 13 жртви од двата масакри што ја завија Србија во црно. Во Белград во саботата беа погребани четворица ученици од основното училиште „Владислав Рибника“ и чуварот на тоа училиште Драган Влаховиќ, кој почина од рацете на ученик од тоа училиште.
Во ходникот на училиштето е убиена С.Н., која случајно се нашла на патот на убиецот.
Во Младеновац беа погребани осум лица кои беа брутално ликвидирани од Урош Блажиќ во крвавиот напад меѓу нив и полицаецот Милан П, неговата сестра Кристина и неговиот пријател Далибор Т.
За два дена во Србија беа убиени 17 лица.
Во текот на денешниот ден се закажани погребите на уште четворица ученици, кои ги загубија животите во ОУ „Владислав Рибникар“.