Голем број на припадници на шоу бизнисот од овие простори не можат да се пофалат со факултетска диплома, но има и такви кои не успеале да завршат ниту средно училиште.
Со факултетска диплома можат да се пофалат Неда Украден која има завршено два факултета, Правен и Филолошки и Здравко Чолиќ кој е дипломиран економист.
Северина Којиќ има завршено само основно училиште, а со исто образование се и Дара Бубамара, Едита Арадиновиќ, Зорица Марковиќ, но и снаата на Лепа Брена, Александра Пријовиќ која има завршено три години средно училиште.
Средно трговско имаат Јелена Карлеуша и Драгана Мирковиќ, Јелена Розга има средно балетско и гимназија во Загреб. Цеца Ражнатовиќ по занимање е земјоделски техничар. Џеј Рамадановски е автолакер, Халид Муслимовиќ метало стругар….
Весна Змијанац има диплома од курс за дактилографија.