Човекот од обезбедувањето на концертот на Лејди Гага го украде шоуто (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Лејди Гага моментално е на својата турнеја „Mayhem Ball“, Недамна, 39-годишната пејачка настапи во њујоршкиот „Madison Square Garden“, а еден момент од настапот стана вирален.

Видео кое го освои интернетот

Снимката го прикажува обезбедувањето како ги пее стиховите од нејзиниот дует со Бруно Марс, „Die With a Smile“. „Човекот едноставно не можел да одолее да не го запее едниот од најголемите класици на Гага“, стои во описот на објавата.

На видеото се гледа маж свртен кон публиката како пее, а потоа скришум погледнува кон бината на која настапува Гага. Објавата собра повеќе од 184.000 прегледи и 12.000 лајкови, а не е познато кој првично го снимил видеото.

https://twitter.com/i/status/1965281250014536153

Воодушевени обожаватели

Во коментарите под објавата, фановите на Гага го изразија своето воодушевување од реакцијата на мажот од обезбедувањето.

„Да го најдеме и да го направиме славен“, „И скришум погледна и аплаудираше на крајот“, „Неговата работа е толку тешка, не може навистина да ужива во изведбата. Се поклонувам за тоа што ги чуваат изведувачите и ја прават публиката безбедна“ и „Беше навистина љубезен. Се сопнав додека излегував и тој ми помогна“ , се дел од коментарите под видеото.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com