Пред два дена композиторот Григор Копров, на својот профил на социјалните мрежи ги нападна членовите на македонското жири за избор на песна на Евровизија, нарекувајќи ги тотални анонимуси. Причина за оваа полемика на социјалните мрежи е фактот дека после гласањето во саботата вечер, кога Србија нас ни даде дванаесет поени, а ние ним ниту еден.
Во коментар под постот на Копров, членот на македонското жири Роберт Вукелиќ напиша:
„Колку е жално кога ќе си плукнеме на своето и не си цениме. А да ве прашам чичко Копров кога ви беа плаќани песните по 2000 евра од мене или спонзорите додека пеев тогаш ми викаше ‘Пиле мое’ па ти си прекрасен ќе бидеш најдобар, а сега кога не е некој на естрадата присутен станува одма анонимус.
Постари сте имам почит ,но нека не ве прават среќни само парите кога ќе ги видете, него и секој збор изговорен да ви биде од срце а не само кога е во прашање пари и тогаш да сте слаткоречлив со ‘Пиле Пиле – дете мое’ . Жалосно е што сме лицемерни и без љубов”.
Инакум македонското жири беше во следниот состав: Сузана Стефановска (музички уредник), Фјола Исмаили (музичар), Роберт Вукелиќ (пејач), Христина Мицковска (радио диџеј) и Ристо Апостолов (музичар). Дванаесетте поени тоа додели на Италија, десет на Австралија и осум на Албанија.
На телевоутингот Србите од нас добиле десет поени. Нашата претставничка Тамара доби 12 поени од Србија.