Членовите на „Парни ваљак“ открија кога и каде ќе биде погребан Аки Рахимовски

by Тони Зографски

Официјалната Фејсбук страница на бендот „Парни ваљак“ го откри точниот датум на погребот на фронтменот, познатиот Аки Рахимовски, кој ненадејно почина оваа сабота на 67-годишна возраст.

Како што беше претходно најавено, Аки ќе биде погребан во Загреб, а деталите од последното збогување се напишани во објавата.

– Последното збогување на Аки Рахимовски ќе се одржи во четврток на 27 јануари во 15 часот на загрепски Мирогој во Алејата на великаните, меѓу семејството и пријателите. Со оглед на актуелните епидемиолошки мерки ги замолуваме сите кои го сакале Аки и сакаат да му оддадат почит, тоа да го сторат од вторник, 25 јануари кај Бунарот на животот пред загрепскиот Хрватски народен театар, каде ќе може да се донесат цвеќиња и да се запалат свеќи.

Официјалната комеморација ќе се одржи во петок, на 28 јануари во 11 часот, во малата сала на Ватрослав Лисински во Загреб, за најтесниот круг на колеги и пријатели.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com