Членовите на групата ABBA се собраа по 40 години (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Четворицата членови на култниот шведски бенд ABBA се собраа во Лондон за прв пат од 1982 година.

Бјорн Улвеус, Бени Андерсон, Агнета Фелцки и Ани-Фрид Лингштад се појавија на премиерата на нивниот виртуелен спектакл наречен „Voyage“.

Спектаклот започнува денеска, а до почетокот на октомври треба да се одржува седум пати неделно. Но, на овие концерти ќе настапат таканаречените „Абатари“, односно холограми на членовите на групата.

Интересно е што членовите на групата ABBA последен пат се појавија во јавноста пред точно 40 години.

Членовите на бендот го издадоа албумот „Voyage“ во ноември минатата година.

Да потсетиме, ABBA се основани во 1972 година, а уште во 1974 година во Брајтон, шведскиот бенд ABBA со песната „Waterloo“ ја воодушеви цела Европа и извојува убедлива победа на Евровизија. По овој триумф групата доминираше на топ листите и цел свет ги пееше нивните песни. Во средината на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите, нивните песни беа најслушаните во светот.

Nakon 40 godina okupila se sva četiri člana grupe ABBA
Foto: FAH

 

ABBA
foto: Profimedia

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com