Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека на 12 февруари, во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М. (47) и К.Г. (39), двајцата од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Станува збор за љубовен пар – девојката е вокалистка на познат скопски бенд, а момчето кое трагично го загуби животот беше дел од бендот „Undone“.
Извор: Toska.com.mk