Еден од омилените актери на бившите југословенски простори, Миодраг Петровиќ Чкаља, со својата единствена љубов Драгица се венчале на скромна прослава, а нивата приказна ги воодушевува и младите генерации.
Љубовната приказна на Чкаља започнува во 1948 година кога се венчале во зградата на Домот на култура “Божидар Аџија”, каде се наоѓал Народниот одбор на општина Врачар. Вистински пролетен ден, група на актери од Радио-драма, од каде што доаѓал и Чкаља, го искористиле како би ја крунисале оваа голема љубов.
–Убав пролетен ден. Ние како група актери од Радио Драма, каде што беше член и Чкаља, Никола Смедеревац и познатиот комичар Јован Геко тргнавме на прославата. Голем дел од нас мислеа дека дури станува збор и за шега, мислевме дека нема да се појави на сопственета венчавка- се сеќавале неговите колеги.
Шегите оделе до таму што мислеле дека и Драгица ќе се премисли поради ниската плата на Чкаља.
-Па што и да дојде, кога таа има плата од 4.500 динари а нашиот младоженец од само три илјади- викнал кумот.
Меѓутоа, во тој момент Драгица се појавила на вратата со црно палто, изморена бидејќи трчала кон групата на луѓе.
-Па каде си Драгице? Овие овде ми ја извадија “душата на памук”- рекол Чкаља. Венчавката била скромна со прстен вреден дури 50 денари. Прославата била семејна во мала кафеана. Наскоро по свадбата им се родил син Чедомир.
Драгица долги години по бракот се сеќавала дека во селењето од стан во стан го изгубила прстенот кој за неа имал непроценлива сентиментална вредност. По славата на актерот купил и вистински прстен. Но неговата сопруга го помни само првиот.