Општина Центар ги затвора читалните „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“ со фонд од околу 3.000 донирани книги, затоа што нема предвидено пари за таа намена во буџетот за 2019 година, пренесува – фактор.мк
Овие читални со голем ентузијазам од општината, уметниците и читателите беа отворени во 2015 година, а зачленувањето во истите, како и задолжувањето со книги беше бесплатно за љубителите на пишаниот збор.
Овие две читални не прават никаков трошок, затоа што самите книги ги донираат ентузијасти. Се плаќа само кирија, сметки и по еден вработен. Еве, разбрав дека сопственикот на локалот каде што е „Славко Јаневски“ ќе го издаде просторот за кафе-бар. Младите нека се изложат само на обложувалници и коцкарници, нема потреба да знаат дека постојат библиотеки. Ова е градено со месеци со голем мотив и сега наеднаш треба да згасне, вели иронично еден читател.