Голем скандал ја тресе чилеанската фудбалска репрезентација за време на Копа Америка. На Чиле му се заканува дисквалификација од завршниот турнир откако се обелодени дека репрезентативците ги прекршиле ковид-19 протоколите со тоа што во хотел каде се сместени се „дружеле“ со проститутки. Вечера Чиле треба да игра дерби-меч против Уругвај. Инцидентот се случил пред мечот со Боливија на кој Чиле триумфираше со 1-0.
Главната улога во скандалот ја имаат Артуро Видал, Гари Медел, Пабло Арангис, Едуардо Варгас, Жеан Менезес, Гиљермо Марипан и Пабло Галдамес кои направиле забава во хотелот и на неа поканиле проститутки. Поради скандалот, техничкиот директор на чилеанската репрезентација Мартин Ласарте поднесе оставка. Фудбалерите кои учествувале во него ќе бидат казнети.
Од Фудбалската федерација на Чиле признаа дека протоколите биле прекршени поради користење „фризерски услуги“.
Копа Америка се игра во Бразил каде има строги ковид-протоколи кои фудбалерите мора да ги почитуваат.