Озлогласениот чеченски лидер Рамзан Кадиров, за разлика од украинскиот претседател Володимир Зеленски, не се облекува скромно за да му се приближи на народот, туку со облеката сака да испрати порака за својата супериорност.
Имено, тој често може да се забележи во скапите чизми на Прада, во кои се појавил неодамна, при своето обраќање до јавноста.
Чизмите кои инаку се нарекуваат Prada Monolith се модел од 2019 година, а денес можат да се купат по цена од околу 2.000 долари.
Ќерката на Кадир, Ајшат е моден дизајнер, па Кадир има можност да го добие речиси секое посакувано парче облека.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, претпочита поедноставна облека, па неодамна за време на посетата на опустошениот град Буча се прошета во патики Saucony Jazz, чија цена е само околу 44. евра.
Зеленски носел и панцир
Зеленски носел панцир во Буча и бил опколен од вооружени обезбедувачи. Тој им се обратил и на лидерите на земјите кои одлучуваа дали Украина треба да биде членка на НАТО или не.
Инспирација за другите
Стилот на Зеленски неодамна го инспирираше францускиот претседател Макрон да се облекува полежерно.
„Макрон одлучи да дојде на работа во фармерки и француска маичка со качулка за да биде повеќе како Зеленски“, напишале на Твитер.