Четири совети како да го излажете гладот

by Тони Зографски

Никој не го сака зборот “диета”. Но, вистината е дека без ограничување на исхраната и спорт, не можете да постигнете значителни и трајни резултати. Кој е најголемиот проблем со кој се соочуваат луѓето на диета? Тоа се силни напади на глад, на кои човекот  лесно се предава и посегнува по “забранетата” храна.

Што треба да направите за да го излажете гладот?

 

Вода

За време на исхраната, препорачливо е да се пие многу вода, бидејќи помага во метаболизмот и деградацијата на храната. Покрај тоа, во напад со глад и пред секој оброк, убаво е да се напиете чаша вода која веднаш го исполнува стомакот. Значи, ќе јадете помалку и по разумно.  Затоа додадете ја водата во менито, и ќе слабеете за кратко време, а и ќе бидете здрави.

 

Тренирајте

Не само тоа дека со спорт губите калории, но и го подобрувате  метаболизмот,   ги затегате мускулите, целото тело. Вежбите исто така помагаат да се скроти гладта.  Ако почувствувате глад, а не е време за јадење, направете брза и лесна серија на вежби.  Физичката активност привремено ќе ви го одвлече вниманието и ќе го продолжи времето без храна.

 

Јадете повеќе протеини

Протеините ги потхрануваат мускулите и се разградуваат најспоро од сите останати хранливи групи, што значи дека ќе ве држат сити подолго време.

Јадете најмалку 5 пати на ден.

Појадок, ручек и вечера се задолжителни.  Можете да додадете две ужини со нешто лесно (овошје, млеко, 20 грама сурови ореви). Не оставајте долги паузи во кои стомакот нема храна.

 

Мастики

Тука мислење е контрадикторно. Од една страна здравствени експерти предупредуваат дека не треба да џвакаат мастики на гладно, бидејќи го стимулира стомачните сокови и тоа може да доведе до киселини. Од друга страна, пак, ако само се обидувате да ја одржите контролата и да не се фрли на некоја храна во близина, бидејќи не ви е во режим или не е време за јадење, можете да се потпрете на мастиките за џвакање кои ќе ви помогнат привремено да го излажете мозокот и тој престанува да испраќа сигнали до телото дека е гладно.

 

 

 

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com