Четири пријателки решиле да направат мал експеримент во кој ќе ја тестираат љубовта на своите момчиња и ќе видат кој прв ќе се јави, а видеото стана вирален хит и собра дури 38,9 милиони прегледи за само седум дена од објавувањето.
На видеото се гледа како девојките ги ставаат своите мобилни телефони на маса, покрај која е испишано времетраењето на нивната врска – две и пол години, пет години, шест и пол години и седум години. Девојките потоа им се јавиле на своите момчиња и брзо ја спуштиле слушалката и чекале да видат кој прв ќе се јави.
Прва доби повик девојката која е во врска пет години (и тоа со молскавична брзина), а потоа се јави момчето на девојката која е во врска две и пол години. Девојката која трета доби повик е во врска има шест и пол години, но на видеото не се гледа кога девојката која е во врска седум години добива повик и дали нејзиното момче воопшто и се јавил.
Видеото собра два милиони лајкови и повеќе од 10.500 коментари.
„Сите знаевме дека овој човек кој е во врска седум години нема да возврати на повикот“, напиша еден тиктокер, додека друг додаде: „Играше ФИФА“.
„Човекот не сака да возврати на повикот затоа што знае дека ѕвони без врска“, се пошегувал трет, додека четвртиот напишал: „И пораките се важат“.