Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ засега нема повторно да се најде во притвор во Австралија, пренесувааат агенциите. Исто така, Новак во сабота наутро ќе се појави на сослушување пред службениците на Министерството за емиграција.
Поради тоа, тој ќе остане надвор од притвор за време на разговорот и евентуалните правни постапки, пишуваат светските медиуми.
Претходно се појавија информации дека притворот може да следи како последица на одлуката на министерот за имиграција Алекс Хок да му ја одбие визата на Ѓоковиќ, т.е. ја поништи претходната судска одлука.
Инаку, во меѓувреме судската репортерка на Асошиејтед прес Карен Свини ги издвои сите можни сценарија од новонастанатата ситуација.
1. Ѓоковиќ го прифаќа второто одбивање и се качува во авионот што го превезува од Австралија
2. Жалбата е успешна, останува во Австралија и игра на Австралија Опен
3. Жалбата е неуспешна и се качува на авион што го превезува од Австралија
4. Тој победува на суд, но владата вложува жалба на одлуката. Потоа ќе треба да се одлучи дали ќе остане или ќе може да го напушти притворот за имигранти и дали може да игра на Австралија опен за време на жалбената постапка.