Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 07.10 до 09.10.2022) направени се 871 тест, а регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19.
Во Скопје – 60, Куманово – 3, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Струмица, Струга и Ресен – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 18 реинфекции.
Регистриран e 161 оздравен пациент од: Скопје – 116, Битола – 7, Куманово, Прилеп и Кичево – по 4, Велес, Охрид, Кавадарци, Неготино и Кратово – по 3, Тетово, Штип, Гевгелија и Берово – по 2, Струмица, Гостивар и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (07.10 – 09.10.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица, од Скопје (96г, 80г и 73г) и од Кавадарци (58г). Од пријавените лица, 3 се починати во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 14.09. до 06.10.2022 год.