Идејата за спиење без ниедно парче облека, може да ви стане многу привлечна. Кога спиете целосно голи, вашето тело значајно подобро ја регулира топлината, а со себе носи и други предности кои би можеле да ви го подобрат животот. Многу истражувања го потврдиле овој факт, а главни предности од спиењето целосно голи се:
Се регулира притисокот
Ако сте во врска или во брак, освен очигледната предност, спиењето без облека и допирањето со партнерот ќе припомогне во регулација на крвниот притисок, поради окситоцинот кој се создава кога со поголема површина од телото се допирате со друга личност.
Се разубавува кожата
Кога спиете голи, вашата кожа многу подобро дише, а тоа ја одржува здрава и убава.
Подобар и поцврст сон
Вашето тело ќе ја постигне идеалната температура, помала од онаа што ја имате кога носите пижами, што ќе резултира со подобар и поцврст сон.
Намален ризик од тешки болести
Луѓето кои дневно спијат помалку од 7 часа имаат разни проблеми, додека оние кои спијат подолго немаат ни приближно толку често здравствени проблеми. Истражувањата покажале дека спиењето без облека може да го намали ризикот од срцев удар и дијабетес, бидејќи гарантира цврст сон и помага при несоница.