“ЧЕТИРИ ДЕЦА СЕ СОСЕМА ДОВОЛНО“: За време на пандемија на короновирус родена првата четворка (ФОТО)

by Тони Зографски

Џени Мур и нејзиниот сопруг Крис за време на пандемија на коронавирус станаа родители на четворка. Среќната мајка на свет ги донесе синовите Хадисон, Харисон, Хенри и Харди кој се еднојајчани близнаци.

Претходно, Џени планирала да се породи со царски рез во 34 недела од бременоста, но трудовите започнале во 28 недела, а по раѓањето четворката веднаш била ставени во интензивна нега. По еден месец, брачниот пар своите деца конечно ги однесе дома.

За Џени ова е прва бременост и како добија четири наследници родителите не планираа да го прошируваа семејството.

-Четири деца се сосема доволно- изјавиле родителите кои интересно е што двајцата немаат браќа и сестри.

Инаку, докторите велата дека ова е редок случај, а шансите да се добие идентична четворка е еден спрема милион.

 

останати вести