Денеска се навршуваат четири години од смртта на српкиот актер, пејач и водител Маринко Маџгаљ. Тој на денешен ден пред четири години почина од рак на панкреас.
Во негова чест неговиот најдобар пријател, водителот Огњен Амиџиќ, напиша песна за Маринко и ги собра нивните заеднички пријатели.
Имено, Андрија Милошевиќ, Слободан Мичаловиќ, Александар Сречковиќ Кубура, Милена Васиќ, Игор Дамјановиќ, Тамара Крцуновиќ, Јелена Ступлјанин и Марко Кон снимија спот за песната со наслов „Животот е лотарија“.