Четиричлено семејство, татко, мајка, син и ќерка, настрада на плажата Ал-Сафа недалеку од египетскиот град Александрија, претходно позната по бројни случаи на давење капачи, изјави шефот на локалната брза помош.
АП пренесува дека спасувачкиот тим успеал да ги пронајде телата на 19-годишната девојка и нејзиниот 15-годишен брат, но не и телата на родителите.
Инаку, плажата ал-Сафа е популарно локално капалиште, но е позната и по големиот број на трагични случаи.
Поради острата плима и осека и силните струи, ова место е многу опасно за неискусни пливачи, па само во текот на овој месец, вкупно 11 лица се удавија на ал-Сафа и околните плажи.