Четиригодишно дете од Штип и 45- годишна жена од Гостивар се новопотврдени случаи на коронавирус, пренесува Телма.
Детето се вратило со родителите од Англија, а жената пред десетина дена во Македонија дошла од Германија.
Таа немала симптоми на вирусот, но се јавила на инфективното одделение во гостиварската болница, затоа што лице од странска држава со кое била во контакт имало Ковид 19. Докторот кој ја прегледал вели дека денеска од Скопје ги добил позитивните резултати за гостиварската пациентка. Пациентката е изолирана и е сместена на инфективното одделение во Гостивар.
Повеќе информации ќе има на пресот на министерот Венко Филипче закажан за 18 часот.