Холивудската музичка ѕвезда Џенифер Лопез влегува во четврти брак. Таа не може да ја сокрие насмевката од лицето, откако на одмор кој заедно го испланираа, нејзиниот сакан, безбол играчот Алекс Родригез ја запроси по две години врска. Тоа се случило на плажа, а гордата Џеј Ло го покажа скапоцениот прстен кој вреди милиони.
Истата фотографија ја објави и нејзиниот свршеник, но и некој детаљ повеќе.
“ Рече да“ – напиша тој на Инстаграм.
Потсетуваме, Алекс Родригез од претходнот брак со Синтија Куртис има две деца, додека Џенифер во брак беше трипати, а од љубовта со Марк Ентони има две деца.