Четворица бугарски државјани загинаа попладнево при падот на малиот авион „цесна” некаде околу врвот Солунска Глава во Македонија.
Авионот бил со германски регистрации. Цесната полетала од Охрид за Софија. Остатоци од авионот веќе биле пронајдени некаде на планината Јакупица.
Неофицијално поради лошите временски услови пилотот побарал да слета на Скопскиот аеродром, но се премислил и се упатил кон Софија. На 26 километри јужно од Скопје, некаде кај Солунска Глава се губи сигналот.