Оскаровката Џулија Робертс и нејзиниот сопруг, камерманот Даниел Модер, прославија 20 години брак, а актерката по тој повод објави ретка заедничка фотографија од двајцата на Инстаграм.
„Не можеме да престанеме да се смееме. Не можеме да престанеме да се бакнуваме“, напишала Џулија покрај фотографијата од страсниот бакнеж со сопругот, а во коментари се нижеле честитки.
Славната актерка е позната по прекрасната насмевка, а во 1993 година таа се венчала со музичарот Лиле Ловет, но се развеле по само две години брак.
Во 2002 година таа повторно се венчала и тоа со снимателот Даниел Модер со којшто и денес е во брак. Венчавката била одржана на ранч во Таос во Ново Мексико.
Кога се запознале тој бил во брак со Вера Стеимберг, а набрзо откако љубовта на неговиот живот се појавила, тој ги поднел документите за развод. Некои тогаш Џулија ја нарекле „разорувачка на бракови“ затоа што како што се пишувало – презела нечиј сопруг.
Парот има 3 деца – ќерките Хејзел и Финеус и синот Хенри кои ретко се појавуваат во јавноста.
Џулија и Даниел денес важат за еден од најстабилните холивудски парови, но ниту нив не ги заобиколија гласините за проблеми во бракот. Минатата година се појавија шпекулации дека парот е пред развод, што подоцна беше демантирано, но за истите морале да зборуваат и со своите деца иако веќе ги подготвиле на такви приказни со оглед на тоа што и двајцата се славни личности.
Робертс зад себе има еден пропаднат брак со кантавторот Лајл Ловет, а беше во врска со неколку познати колеги како Џејсон Патрик, Лиам Нисон, Кифер Сатерленд, Дилан Мекдермот и Метју Пери.