Православните христијани го прославуваат христовото раѓање – Божиќ, кој претставува еден од најрадосните празници. По Велигден, ова е втор најголем празник во христијанството.
На првиот ден на Божиќ во сите храмови на МПЦ се одржуват божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што по повод Божиќ г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод (САС) на МПЦ, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, ќе го упатат Божиќно послание во кое ќе пожелат мир и благослов од Бога со радосниот и торжествен поздрав – Христос се роди! Христовото раѓање се празнува во сите православни храмови на МПЦ во земјава и надвор од неа.