Чернобил го озрачи, но доживеа 93 години  (ФОТО)

by Тони Зографски

Да не го напушташ местото каде што си се родил, е формулата за долг живот на 93-годишниот Иван Шамјанок.  По катастрофата во Чернобил тој одбил да го напушти селото Тулгович, како што го направиле 100.000 луѓе.

– До денеска е се в ред. Доктори ме прегледаа, велат дека сум потполно здрав. Повеќето од тие што заминаа од селото набрзо умреа, – вели Иван.

Тој открива дека животот во селото не е драстично променет по катастрофата во Чернобил. Неговото семејство се храни со овошје и зеленчук кои сами го одгледуваат.

Неодамна неговата сопруга починала, децата му се одселиле, па во селото останале да живеата само Иван и еден негов роднина.

Инаку, тој секое утро станува во шест часот кога на радиото ќе ја слушне националната химна. Ја пали печката на која подготвува доручек, а потоа оди да ги нахрани свињите и своето куче. Внуката го посетува секоја сабота и му приготвува оброци за следната недела, а му ја чисти и куќата. Вели дека нема здравствени проблеми, но повремено зема лекови и пие мала чашка водка за да му се отвори апетит.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com